Џет-Сет
26. March 2017 - 10:45

Се породи познатата актерка, доби ќерка

Актерскиот пар Аманда Сајфред (31) и Томас Садоски (40) станаа родители, но името на детето се уште го чуваат во тајност.

- Добивме прекрасно девојче и породувањето помина добро, изјави Аманда.

Актерите не сакаат да откриваат детали, а Томас вели дека неодамна се венчале тајно.

- Бевме сами со матичарот на село, наведе Садоски.

Парот се запозна во 2015 година, а се верија по шест месеци.

Инаку, неодамна во јавноста излегоа експлицитни фотографии од Аманда.

Станува збор за доста интимни фотографии што се направени додека Аманда била со нејзиното поранешно момче.

Нејзините адвокати покренаа тужба против сајтот на кој се појавија разголените фотографии