Македонија
20. September 2020 - 19:44

Се полнат капацитетите на штипската болница, хоспитализирани повеќе потешки случаи

Расте бројот на активни случаи во источниот регион, пред се во Кочани со 84 и Делчево, со над 50 позитивни на Ковид 19. Капацитетот на инфективното одделение кое е регионален Ковид центар е пополнет 2/3 и за разлика од порано кога пациентите доминантно беа од Штип, сега се поголем број лица од регионот бараат болничка нега.

Вкупно имаме 36 пациенти кои се хоспитализрани. Неколку од нив се со потешка клиничка слика. Во моментот Делчево изби во прв план и една третина од хоспитализираните се токму од тој град- изјави Ален Георгијев, директор на клиничка болница - Штип.

Во однос на стручниот лекарски кадар состојбата се комплицира со зголемувањето на бројот на корона позитивни во Струмица, зашто токму од таму доаѓаше на помош докторка инфектолог.

Веројатно докторката која доаѓаше на помош ќе биде повлечена, така што со сопствени кадри и дел со помош од надвор ќе се стабилизираме и ќе можеме да одгвориме на предизвикот- додаде Георгијев

Последните неколку денови се повеќе се хоспитализираат лица во поодмината фаза од болеста. За тоа сведочи и денешната црна статистика. Маж на 73 години и жена на 54 годишна возраст од Штип, кои беа примени во критична состојба, починаа на инфективно одделение.

Многу е подобро кога ќе се јават во раната фаза од болеста и да имаме поголеми шанси за излекување- изјави Георгијев

Вкупниот капацитет на одделението е 55 кревети, а во план е и поставување на монтажни модули каде ќе се сместат 42 пациенти, за што веќе е определена локација и се чека зелено светло од Министерството за здравство.