Живот
20. October 2018 - 20:12

Се појавила со бебе и рекла дека се породила: Кога пронашле трудница со расечен стомак, приказната доби ужасен пресврт

Бразилска брачна двојка е уапсена поради убиство на бремена жена која ја врзале за дрво, и го распориле стомакот и и го извадиле детето.

Телото на Мара Кристијана да Силва (23) која била во осмиот месец од бременста е пронајдено вчера во шума кај местото Жоао Пинјиро, во југоисточен Бразил.

Анхелина Родригез, која е обвинета за убиство, “отсекогаш мечтаела да има ќерка“, изјави роднина на жртвата.

Лекарите од локалната болница „Сао Лукас“ ја повикале полицијата кога Родригез во понеделникот се појавила со новороденчето, тврдејќи дека тукушто се породила. Персоналот веднаш се посомневал зошто „вознемирената“ 40-годишна жена одела потполно нормално и не сакала да ја прегледаат.

Кога полицијата вчера го пронашла телото на жртвата, ја уапсила Анхелина и нејзиниот сопруг Роберт Гомеш да Силва.

Родригез подоцна признала дека ја опила жената, ја врзала со жица за дрво, а потоа и го расекла стомакот и и го извадила детето од утробата.

Иако тврди дека нејзиниот маж не учествувал во злосторството, полициајта се сомнева дека таа сама не можела тоа да го изведе.

„Веруваме дека учестувал и нејзиниот маж и трето лице, а истрагата ќе го расветли случајот“, велат од таму.

Тетката на жртвата Еуса Рибеиро изјавила дека Родригез се зближила со Да СИлва откако дознала дека е бремена и носи девојче.

„Таа жена отсекогаш сонуваше да има ќерка, а кога виде дека мојата внука е бремена, почна да и помага. И позајми пари за ултрзвучен преглед. Тој дека рече дека оди да купи се што е потребно за бебето“, рече таа.