Балкан
9. јуни 2017 - 14:23

Се појавија змии долги и до 4 метри - прогнозите за змиско лето се остваруваат

Минатиот викенд, кога температурите во Босна биле високи, во неколку градови се појавиле змии. По долгата и ладна зима, според тврдењата на експертите, појавата на змиите не е невообичаена појава.

На тоа биле сведоци и мештаните на сараевската населба, кои пред влезот на зградата виделе змија долга четири метри.

На една од сараевските планини, планинарката Марина Маслек била касната од поскок, а со хеликоптер била транспортирана во болница.