Кошарка
27. November 2018 - 15:43

Се појави видео од ужасната сообраќајка на НБА ѕвездата: Стеф Кари за влакно избегна смрт!

Еден од најдобрите кошаркари на светот Стеф Кари доживеа сообраќајна несреќа на автопат во Калифорнија, а сега се појави и ужасна снимка од самиот судар.

„Поршето“ на ѕвездата на Голден Стејт удрило во два различни автомобили, а на снимката јасно се гледа како дошло до судар.

Нема сомнеж дека НБА ѕвездата имала луда среќа и за  влакно ја избегна смртта!

Штетата на поршето е голема, па е среќа како Кари помина без повреди.

stef kari

Одличниот кошаркар моментално не игра поради повреди, а Гелден Стејт „падна“ од првото место на Западот.