Свет
24. November 2015 - 13:10

Се појави видео од соборениот руски воен авион

 
Руското министерство за одбрана соопшти дека е соборен руски борбен авион Su-24, додавајќи дека не го нарушил турскиот воздушен простор и дека летал на висина од 6000 метри.
 
Турските власти соопштуваат дека авионот е предупреден пред да е соборен. Инаку е срушен од турски борбени авиони F-16.
 
Турска приватна телевизија денес ја објави снимката на која се гледа како млазниот борбен авион паѓа во близина на турско-сириската граница.