Македонија
16. April 2021 - 12:33

Се поголем број граѓани проверуваат дали имаат антитела на Ковид-19

Пандемијата предизвика паника кај граѓаните.Голем е бројот на оние кои  на своја рака се почесто прават тестови со кои се покажува дали организмот развил антитела и имунитет на корона вирусот. Во здравствениот дом во Вевчани месечно стотици лица од цела југозападна Македонија се тестираат стравувајќи за сопственото здравје.

Од Здравствениот дом од Вевчани апелираат граѓаните да се вакцинираат и посочуваат дека сеуште останува проблемот со постарите лица од струшките села каде воопшто нема одзив. 

И покрај тоа што бројот на заразени се намалува сепак во Охрид моментално има 830 активни случаи на ковид 19 додека во Струга 259 .