Се подобруваат здравствените права на Ромите во регионот Пијанец – Малеш
Во пехчевското село Црник продолжи информативно-едукативната кампања, со цел запознавање на ромската заедница во врска со прашањето за постоење негативни наративи, дискриминација и прашања поврзани со здравствените права на Ромите како пациенти. На оваа тема свое излагање имаше експертот по трудово право Зоран Биковски, кој нагласи дека целта на активностите се подобрување на квалитетот на здравствените услуги кај ромската популација.
-И во село Црник како и во другите места од регионот Пијанец-Малеш имавме едукација на здравствени и социјални права на лидерки Ромки. Нивна улога е да ги пренесуваат стекнатите знаења на пет соседни семејства. Ваквиот начин на работа дава резултат, бидејки конкретно во село Црник, преку навременото информирање сите деца Роми се вакцинирани и нема случаеви на незаконско наплаќање од гинеколог, кај жените Ромки, истакна Биковски.
Активностите, како што додаде ќе продолжат со спроведување анкети со ромското население.
-Во тие анкети има посебен дел прашања посветени на здравјето на жените и децата од ромската заедница. Освен во Црник, овој прашалник ќе се пополнува во наредниот период и од страна на Ромите кои живеат во општините Делчево, Пехчево и Виница, додаде Биковски.
Оваа активност е во склоп на проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување“ поддржан од ФООМ, а имплементиран од страна на НВО „КХАМ“ Делчево.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање