Свет
9. April 2020 - 11:26

Се подобрува здравствената состојба на Борис Џонсон

Здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се подобрува, соопшти Би Би Си.

Џонсон (55) беше хоспитализиран во болницата „Свети Томас“ во неделата навечер по повеќедневна зголема телесна температура и кашлица, како последица на Ковид-19. Во понеделникот беше преместен на Одделот за интензивна нега, каде добил кислород.

– Работите, за него, одат на подобро, изјави денеска британскиот министер за култура Оливер Довден. Тој дополни дека Џонсон седи во болничкиот кревет и комуницира со медицинскиот персонал.