-->
-->
Се подобрува уличното осветлување во Берово
-->
Во општина Берово во тек се активности за целосна замена на уличното осветлување на ул. „Маршал Тито’’. Со активностите, како што информираат од општината, старите и дотраени светилки ќе бидат заменети со нови функционални светилки.
– Во пресрет на туристичката сезона, Општина Берово, што е задолжена за одржување на јавното осветлување на градот, врши проверка и замена на оштетени и нефункционални светилки, на главната улица во градот. Целта е од една страна да се подобри осветлувањето во централното градско подрачје, а од друга страна новото осветлување ќе придонесе за подобра видливост и заштеда на енергија, велат од општината.
Од таму упатуваат апел до граѓаните навремено да ги пријавуваат проблемите со уличното осветлување на телефонските линии на општината, или директно во просториите на Општина Берово.
Според планираното, замената на уличните светилки во Берово ќе продолжи и во останатите реони во градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација