Македонија
31. January 2020 - 10:05

Се подобрува јавната чистота на излезите од Македонска Каменица кон Кочани и Делчево

Јавното претпријатие „Камена Река“ спроведе акција за чистење на излезите од Македонска Каменица кон соседните општини Кочани и Делчево. Во акцијата беше опфатен просторот околу магистралниот патен правец А3.

– Акцијата се реализираше на потегот од Хидроцентралата Калиманци до Македонска Каменица и делот од „Рибнички мост” до „Луковички рид”. Ова е 10-та еко акција на Јавното претпријатие „Камена Река” кое е задолжено за јавната чистота и одржување на комуналната хигиена во Општината, која се спроведува со цел подобрување на чистотата во околината, истакнаа од ЈП „Камена Река“ и упатија апел до граѓаните за поголема лична одговорност кон околината.

На овој потег, посочуваат, просторот е чистен повеќе пати но за жал подобрување на комуналната хигиена не е забележана.

– Се надеваме дека оваа акција ќе има ефект и ќе допринесе за подигање на еко свеста кај граѓаните, додадоа од ЈП ,,Камена Река”.

Според планираното како што информираат надлежните вакви акции во наредниот период ќе бидат реализирани и во останати подрачја во општина Македонска Каменица, каде ќе се јави таква потреба.