Бизнис
24. July 2017 - 19:43

Се подготвуваат списоци со стечајци кои ќе добиваат надомест од државата

По донесувањето на ребалансот на буџетот Владата вети дека трајно ќе го реши проблемот на околу 3000 стечајни работници, кои останале технолошки вишок од државните претпријатија.

Денес во Штип пред стечајните работници беа елаборирани критериумите за земање на паричен надоместок до пензионирање. Главен критериум е работникот да има 15 години непрекинат работен стаж во една фирма.

- Другите, кои имаат збирен стаж, не доаѓаат во предвид. И доколку има 15 години стаж заведен во (работничката) книшка, а во пензиското има 14 и тоа ќе се признава-изјави Кемаладин Арсланов, Здржение на стечајци „Унит“-Штип.

Во текот на оваа работна недела треба да се изработи финален список во кој ќе фигурираат до 3000 работници. Во Штип во моментот се заведени околу 350 лица, но Арсланов вели дека не сите ќе добијат паричен надоместок.

-  Грото ќе отпаднат. 350 ми се досега воведени на список, ама ќе отпаднат-додаде Арсланов.

Сеуште не се знае ниту колкава е висината на месечниот паричен надомест кој ќе им се исплаќа на стечајните работници кои ги исполнуваат критериумите.