Македонија
6. јуни 2018 - 16:51

Се подготвува заедничка седница на македонската и косовската влада

Владата ќе ја зајакнува соработката со колегите од Косово. Министрите изгласаа одлука  за одржување на заедничка македонско косовска владина седница. Премиерот Заев со косовскиот колега Харадинај планира да потпише повеќе договори од различни  области. За координатор е назначен вицепремиерот Бујар Османи кој ќе треба да ги договори деталите кога и каде ќе се одржи седницата  но извесно е дека ќе се случи многу скоро.

 - Ќе бидат потпишани повеќе договори за зајакнување на соработката во железничкиот сообраќај, дијаспората, одбраната, иновациите, културата, економијата, изјави Мухамед Хоџа портпарол на Влада на РМ

Владата со која раководи Заев оваа пракса ја применува од самиот почеток кога го доби мандатот.  До сега заеднички владини седници беа одржани со Бугарија и Албанија.