Се подготвува пречек за Тамара на аеродромот Скопје
Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud“ го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје.
Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 23:00 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели.
Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на телевоутингот од публиката се пласираше на осмото место.
Пристигнувањето на Тамара Тодевска на аеродромот во Скопје можете да го следите во живо на Фејсбукот на МИА https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево