Џет-Сет
20. February 2018 - 16:40

Се плаши од стареење: Мадона уште еднаш на операција за подмладување

И на прагот од седмата деценија од животот, Мадона не престанува да изненадува - од модни, сексуални, па до естетски експерименти.

Така, нејзината последна Инстаграм објава има исто толку силна порака: „Дури и Мадона се плаши од стареење". Имено, на општо изненадување (или згрозување), таа објави кусо видео од својот последен „третман за подмладување“.

Виљушките со кои козметичарката „и го разубавуваше“ лицето на пејачката, изгледаа прилично остро и опасно, а Мадона - како да не се грижи многу за тоа.

Иако често ја обвинуваат дека не може да ја контролира својата склоност кон естетски зафати, Мадона уште еднаш сака да докаже дека живее за себе.