Свет
16. November 2015 - 11:08

Се планираат напади за други европски држави: Откриен центарот на џихадистите каде се организираат терористичките напади

Терористичките напади, кои се случија во петокот во Париз, биле планирани и организирани од Сирија, соопшти премиерот на Франција Мауел Валс.

Тој изјави дека слични напади се планираат и за другите европски држави, пренесе BBC.

Во меѓувреме уште двајца терористи се идентификувани, па бројката достигна до седум.

Француската полиција трага по преживеанитe џихадисти кој го изведоа нападот.

Осомничени за нападите се:

- Салах Абеслам, 26 - полицијата трага по него

- Мохамед Абдеслам - уапсен во Белгија

- Брахим Абдеслам, 61 - загина во близина на концертната сала

- Омар Исмаил Мостефаи, 29 - загина во нападот во Батаклан

- Билал Хадфи, 20 - Загина во близина на Стадионот

- Ахмад ал-Мохамад, 25 - загина во близина на Стадионот

- Сами Амимор, 28 - се разнесе во Батаклан

- Уште двајца напаѓачи загинаа во престрелките на париските улици