Живот
21. August 2018 - 12:07

Се „паѓа“ пред автомобили, на јахти - ова е новиот тренд на Инстаграм

Лажните паѓања и тоа на невообичаени места се новата забава за корисниците на Инстаграм. Се „паѓа“ пред автомобили, на јахти, на аеродроми, во трговски центри, во базени...

Таквиот нов тренд е особено популарен кај богатите млади Руси, кои се натпреваруваат кој ќе пронајде понеобично место за паѓање, при што тоа се фотографира и објавува на Инстаграм.

Задолжително со фотографијата се пишува хаштагот #fallingstars за да се знае дека станува збор за популарниот предизвик на кој досега беше одговорено со 30.000 фотографии.