Македонија
24. August 2016 - 9:19

Се отстрануваат диво поставени тезги околу Зелениот пазар

Инспекцијата на општина Центар спроведува акција за отстранување диво поставени тезги и диви препродавачи околу Зелениот пазар.

- По опомената, дел од дивите препродавачи продолжија со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот. Одземена им е стоката и изречена е глоба во висина од 50 евра во денарска противвредност, според Законот за јавна чистота, информира општина Центар. 

Акцијата се спроведува на барање од граѓаните и нивните поплаки дека не можат да се движат и да дојдат до своите влезови. Акцијата продолжува и во наредните денови и е во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот пазарен инспекторат, Инспекција на Град Скопје и службени лица од МВР.