Се отстранува постаментот на кој стоеше споменикот на Ќосето
Пред Врховниот суд во Скопје денеска се урива постаментот на кој до неодамна стоеше споменикот на Андон Јанев-Ќосето, а кој беше отстранет ноќта меѓу 21-ви и 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод-Тито.
Налогот за отстранување на споменикот го издаде Градежниот инспекторат на Општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување.
Споменикот на Ќосето таа локација стоеше од септември 2014 година како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Работна група во Министерството за култура утврди бројни законски прекршувања во неговото поставување.
Скопскиот гардоначалник Петре Шилегов минатиот месец најави дека на местото на споменикот ќе се засади дрво гинко.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари