Џет-Сет
27. November 2018 - 13:35

Се омажи ќерката на Џеки Чен, славниот актер не присуствуваше на венчавката, еве зошто

Ќерката на актерот Џеки Чен, Ета Нг која има 19 години се венчаше со својата избраничка Ани Отон која има 30 години.

Овие среќни вести девојките ги споделија со фановите на социјалните мрежи. Тие двете се заедно од 2017 година, а живеат во Хонг Конг. Сепак венчавката ја направија во Канада, каде се дозволени истополови бракови.

-Сите ние некогаш сме биле повредени, но доколку можете да сонувате за љубовта, тогаш може и да ја пронајдете. Љубовта е љубезна, не осудува, љубовта е сила и слабост. Љубовта прави промени. Љубовта победува - напиша ќерката на славниот актер.

Инаку, таа не е во контакт со својот татко. Неа Џеки ја доби од кратката афера со Елаина Нг Ји, која е поранешна азиска мисица.

Ета одрасна со мајката, додека Чен е во брак со Лин Фенг-Јиао со која има син Џејси Чен, кој исто така е актер и има 35 години.