Македонија
29. January 2017 - 15:51

Се оградуваат Градските гробишта во Штип

Градските гробишта во Штип почнаа да се оградуваат, соопшти денеска директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, а информираше дека проектот се реализира со заеднички средства на Општина и на ЈП „Исар“.

- Ќе се работи во делот на старите гробишта, но етапно сите гробни парцели ќе бидат заградени. Со ова подобро ќе се чуваат гробиштата. Целта на оградувањето е да ги заштитиме гробиштата и да ја тргнеме грдата мрежа која стои со години, вели Бојаџиев.

Раководителот на работна единица „Градски гробишта“ при ЈП „Исар“-Штип, Стефан Арсов истакна дека оградата ќе биде висока два метри, а ќе постават и порти на повеќе локации за олсенување на пристапот до парцелите.

-Досега имавме многу проблеми и од луѓе и од животни. Со оградувањето се надеваме дека инвестираме во заштита на имотот на граѓаните, вели Арсов.

Откако ќе се заврши оградувањето на  гробиштата, истите  ќе се заклучуваат во 17 часот во зимниот и во 21 часот во летниот период,  поради заштита на предметите и имотот кои се дел од над 8.000 надгробни места. Во изминатите неколку месеци ЈП „Исар“ на градските гробишта инвестираше во изградба на нови паркинг места и во асфалтирање на улици и патеки.