Балкан
3. April 2017 - 9:43

Се огласи Вучиќ: Победата е чиста како солза

Новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, кој убедливо победи на синоќешните избори, со дванаесет отсто повеќе гласови од другите кандидати, истакна дека победата ја онел со многу труд и напорна работа.

- Ова е за нас важен ден, се покажа во кој правец треба да оди Србија. Победата е чиста како солза и никој не може да го оспори тоа, добив 12 отсто повеќе гласови о другите кандидати заедно. Тоа се 430.000 гласови повеќе, изјави вчера Вучиќ по прогласувањето на резултатите.

Порача дека ќе се бори за секој граѓанин еднакво, и оние кои го поддржуваат и оние кои не му дале глас.

По Вучиќ втор според гласовите е Саша Јанковиќ со 15,6 отсто од гласовите, а потоа Бели со 9,6 отсто од гласовите.