Џет-Сет
8. November 2016 - 13:02

Се огласи сопругот на Елена Кариќ за аферата со Марија Шерифовиќ - еве што напиша

Во целиот регион веќе неколку дена „дрма“ веста за врската меѓу Марија Шерифовиќ и Елена Кариќ, а сопругот на познатата дизајнерка за прв пат одлучил јавно да го даде својот коментар. 

Југослав Кариќ на својот Инстаграм профил објавил фотографија од него и неговата сопруга и напишал симболичен коментар. 

„ Кога коренот е длабок, нема причина да се плашите од невремето. Никој не може да не скрши. Ширете љубов, а не отров...“