Балкан
13. August 2015 - 11:22

Се огласи сопругата на убиениот Хрват

 
Жената на Хрватот Томислав за кој ИД се закануваа дека ќе го убијат, а вчера обелоденија и дека го сториле тоа, не сака да поверува во она што се случило. Наташа Салопек, вели дека до последен момент ќе има надеж дека нејзиниот сопруг е жив и дека драмата ќе заврши со среќен крај. 
 
- Сакам да верувам и ќе се надевам дека е уште жив, ќе се надевам до крај, изјавила Наташа за АФП.
 
И таткото на Томислав кој е завиен во црно, вели дека се надева на најдоброто.
 
- Секој би посакал да има такво дете. Мојот син е мирен, добар, спокоен, одличен работник, вели тој со тешко срце.
 
И двајцата веруваат дека Томислав е жив.