Се огласи синот на Есма по обвиненијата дека тој го ограбил музејот
Вчера беше објавено дека Симеон Атанасов, штитеникот на легендарната Есма Реџепова – Теодосиевска, бил приведен поради сомнение дека тој ја извршил кражбата во домот на Есма.
Штитеникот на Есма демантира дека го ограбил музејот.
За Фокус, тој го коментира случајот и ја открива вистината.
-Не ми треба ниту куќата, ниту пак било што од внатрешноста на куќата. Јас сум наследник на авторските права и тоа ми е сосема доволно. Сакам да го сочувам добриот спомен на Есма, и благодарен сум и што ми помогна во животот, што со нејзина и помош на Стево Теодосиевски јас си го пронајдов патот и до денес се занимавам со музика. Таа ми даде доволно мене и на сите останати деца кои ги одгледа, и затоа ги демантирам сите пишувања и гласини дека сум извршил било каква кражба и сум присвоил нелегално било што од нејзината куќа, изјавил Симеон, кој со децении беше и менаџер на кралицата на Ромската песна.
Многу поопширно прочитајте на Фокус
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра