Џет-Сет
22. August 2018 - 18:19

Се огласи Игор Којиќ: Еве што рече за фотографиите на Северина

Откако портпаролот на Северина, Томислав Петровиќ реагираше и рече дека станува збор за местенка која на Северина и ја подметнува поранешниот сопруг, се огласи и нејзиниот сопруг Игор Којиќ. Тој преку „Инстаграм“ и даде поддршка на својата сопруга.

-Драги мои гледајте своето време да го поминувате со своите најмили во среќа, токму како на овие фотографии на кои монтажата и останатите техники не им можат ништо, напиша Игор. .