Се огласи и Германската амбасада по повод информациите за работните визи
Веб страната на Германската амбасада во Скопје, објави демант по повод информациите за работните визи, кои протекоа во некои наши медиуми.
Откако во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од македонските медиуми се појави информација дека стартува нов закон за вработување, според кој сите граѓани на поранешна Југославија ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, се огласи и германската амбасада, демантирајќи ја истата информација.
На веб страната на германската амбасада стои: "Информациите, дека од 01.01.2018 г. ќе влезе во сила нов закон, кој ќе овозможи лица коишто не се граѓани на ЕУ да може да се вработат под исти услови како граѓаните од ЕУ, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страната на Амбасадата преку линкот: Услови и време на чекање за издавање на работни визи".
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците