Балкан
16. January 2018 - 11:00

Се огласи и директорот на болницата во Косовска Митровица: Ивановиќ застрелан во горниот дел од телото

Директорот на болницата во Косовска Митровица, Милан Ивановиќ изјавил дека Оливер Ивановиќ им подлегнал на повредите и дека не било возможно да му се помогне.

-За жал, Оливер Ивановиќ им подлегна на повредите - потврдил за Тнајуг, директорот на болницата.

Тој додал и дека немало никакви шанси да му се помогне на Ивановиќ и дека починал веднаш откако било пукано во горниот дел од неговото тело.

Деталите на овој трагичен инцидент ќе бидат откриени на прес-конференцијата во болницата во 10:30.