Џет-Сет
10. December 2015 - 20:14

Се огласи девојката која ја бараше Џастин Бибер

Популарниот пејач Џастин Бибер преку Инстаграм се обиде да побара девојка која му се допаднала. Имено, на својот профил објави нејзина фотографија и напиша: О Боже мој, кој е ова?
 
Откако Џастин Бибер ја започна потрагата по мистериозната убавица, девојката која на фотографијата неодоливо потсетува на руската убавица Ирина Шаек, се огласи на Инстаграм.
 
– Не знам како да се носам со вниманието кое во моментот ми го подаруваат медиумите, но имам само еден профил на Инстаграм и Тумблр и се друго што ќе пронајдете е лажно (порано имав и Твитер профил, но го деактивирав)- порачала Синди.
 
Не е познато од каде е Синди, но странските медиуми пишуваат дека има 17 години и дека е обожавателка на Џастин Бибер.