Македонија
22. September 2018 - 18:37

Се одржа првиот турнир „Крива Паланка-Ранковце опен“

На тениските терени во општина Крива Паланка и општина Ранковце денеска се одржа првиот тунир за аматери „Крива Паланка-Ранковце опен 2018“, на кој учествуваа четиринаесет натпреварувачи од четири градови од Македонија и Бугарија. Турнирот е поддржан од локалните самоуправи на двете општини .

- Сакаме турнирот да премине во традиција и од година во година да го омасовуваме се повеќе, со натпреварувачи од државата, но и од соседните Бугарија и Србија. Општина Крива Паланка во изминатите 12 месеци инвестираше многу во спортот, правиме заеднички напори со раководните лица на спортските клубови, првпат е регистрирана прва лига кошарка девојчиња и втора лига машки, ја донесовме ракометната школа на Металург, отворивме шаховски клуб, регистрирана е пливачка школа, ја заживеавме повторно фудбалската школа „Осогово“, која досега дала повеќе таленти што ја претставуваат општината на интернационално ниво, рече градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Ги повика младите да ги користат терените што повеќе и да се занимаваат со овој, како што рече, најубав спорт.

- Посакувам да го заживееме  овој турнир и нашите две општини да бидат горди на своите спортисти, вложувањето во спортот има повеќекратен бенефит, младите се поттикнуваат на здрави и позитивни навики, добиваат можности и перспективи, а нашите општини имаат одлиќен инфраструктурен потенцијал, квалиеттни кадри и добри предуслови за спортски успеси, рече Ивица Тошевски, градоначалник на Ранковце.

На турнирот настапија натпреварувачи од Ќустендил, Бугарија, Пробиштип,  Куманово и Скопје, кои играа на принцип на елиминација.

Турнирот се одигра симултано на терените во двете општини, а организаторите со поддршка на спонзори обезбедија реквизити и спортска опрема за сите учесници, а на најуспешните им беа врачени и вредносни ваучери