Македонија
22. September 2015 - 11:33

Се одбележа „Денот без автомобили” во Кичево

На симболичен начин денеска во Кичево се одбележа „Ден без автомобили“ во организација на Министерството за екологија  и општина Кичево. На манифестацијата учествуваа вработени во  општината, советници и учениците од кичевските  училишта.

Кординаторот на оваа еколошка симболика Ќамил Алиу истакна дека целта е на симболичен начин да се придонесе за подигнување на свеста кај нашите сограѓани за што по малку да го користат автомобилот како превозно стрество и со тоа на индиректен начин  да дадат придонес за почист воздух во градот.

Инаку, како што јави дописникот на МИА од Кичево заедно со Скопје и Тетово се трите најзагадени  градови во Македонија.