Македонија
3. August 2016 - 11:39

Се обновуваат патеките во Градскиот парк

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на обновување на пешачките патеки покриени со бела ризла во првиот дел на Градски парк.

- Работниците со механизација и рачно ќе нанесат околу 20 тони бела ризла на постојните патеки на кои на одредени делови беше изникната трева или од обилните врнежи од дожд беше однесена ризлата, информира Град Скопје.