Бизнис
26. July 2016 - 19:54

Се обновува патната инфраструктура во општина Чашка

Се подобрува патната мрежа во општина Чашка. Деновиве интензивно се санира регионалниот пат кој води кон Богомила. Според планот е предвидено да се работи на потег долг 1.200 метри.

Санацијата на патот кон Богомила ја финансира јавното претпријатие за државни патишта. Градежните работи чинат 5 милиони денари. Според локалните власти, со ова значително се подобрува животот на луѓето во руралните средини.

Од општина Чашка велат дека во изминатиот период преку јавното претпријатие за државни патишта се реконструирани 20-тина километри регонален пат. Локалната самоуправа пак инвестира во изградба на локалната мрежа.