Џет-Сет
23. August 2018 - 10:39

Се облекуваше како жена, се шминкаше и имитираше познати дами: Погледнете како Карамела изгледаше пред сите пластични операции

Горан Стојковиќ Карамела бил „крал на имитациите“ поради што често се облекувал како жена. 
Иако бил често мета на негативни коментари, Карамела не запирал - тој направил пластични операции за да го разубави својот изглед со кој не бил задоволен.
 
- Не го направив тоа поради имитациите, туку поради тоа што сум перфекционист. Знаете, кога мајката природа не ми дала убав нос, тогаш најубаво е да отидете и да го  средите тоа, па потоа коа ќе застанете пред огледало и ќе си речете: „ Е сега ми фали уште ова и ова“. Многумина ми имаат кажано дека не сум нормален  кога го зборувам ова, но сепак тоа сум јас, открива Горан и додава: 
 
- Ги оперирав носот, ушите, капаците. Немам ставено силикони на усните, тоа сите го мислат, но ќе забележите на фотографиите од детство  дека ја немам направено устата. Имав една сообраќајна несреќа и тогаш го направив носот. Ботокс имам, тоа денес нема кој не го прави.  Тоа сите сега го ставаат, тоа ти е како да одиш во продавница. Мојата сопруга не сака ништо од тоа. Таа е природна. Не го сака тоа и не сака коа зборувам за тоа. Таа е економист, не е за тие приказни и вистинска личност е за мене, да ме спушти кога треба, открива Карамела.