Македонија
26. May 2019 - 11:27

Се обидел да ги измами цариниците - маж уапсен на граничниот премин „Табановце“

Синоќа во 00:10 часот на Граничниот премин Табановце за излез од Македонија, при извршена пасошка контрола на 36-годишниот Ј.A. државјанин на Република Бугарија било констатирано дека во патната исправа имал вметнато биометриската страна која отстапувала од оригиналот. Со него бил извршен разговор и кажал дека се вика B.O.(36) државјанин на Република Турција. Патната исправа била одземена, а B.O. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.