Македонија
15. March 2017 - 8:07

Се обележува Светскиот ден на правата на потрошувачите

Со приклучување на глобалната кампања за градење „Подобар дигитален свет“ која промовира пристап, партиципација и иновација кои се полезни за потрошувачите, економијата и општеството, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска ќе го одбележи Светскиот ден на правата на потрошувачите. 

Во одбележувањето на Светскиот ден на правата на потрошувачите се вклучени и Министерството за економија и Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје.

Организациите на потрошувачи од целиот свет, во соработка со Светската организација на потрошувачи ќе се обединат со една крајна цел: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат.