Македонија
12. July 2016 - 14:16

Се нижат трагедиите: Во страшна сообраќајна несреќа загина скопјанец

 
Уште една трагедија ја потресе Македонија. Вчера во 10 часот и 30 минути на автопатот Велес-Скопје, се случила сообраќајна незгода во која 30-годишниот З.Л.од Скопје, управувајќи возило „БМВ“ изгубил контрола и излетал од патот.
 
За жал, младиот скопјанец од здобиените повреди починал на лице место.
 
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршил Јавен обвинител.