Македонија
18. April 2016 - 8:42

Се нижат трагедиите во Македонија: Пронајдена мртва жена - маж загина во бизарна несреќа

Црн викенд во Македонија, трагедиите се нижат една по друга. Во текот на овие три дена се случија голем број несреќи кои завршија трагично.
 
Пред три дена во 18 часот 70-годишната С.К. пријавила дека на булеварот „Партизански Одреди“ во нејзиниот дом го пронашла починат синот. Според податоците од полицијата, се работи за 44-годишниот Александар К.
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција која ќе покаже во какви околности настапила смртта.
 
Исто така, истиот ден во 05 часот и 50 минути во Полициската станица Битола, 55-годишниот Б.М. од Битола пријавил дека го претепал неговиот татко. За жал, од ударите 82-годишниот Трајко М. го загубил животот.
 
И вчера како и завчера голем број трагедии ја потресоа македонската јавност.
 
Околу 15  часот од екипа на Итната медицинска помош Скопје било пријавено дека на улицата „Михаил и Ефтихиј“ во Скопје било пронајдена почината 53-годишната Милица М. Жената во станот живеела како подстанар. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
 
Вчера во 10 часот и 30 минути во селото Вешје-неготинско, 54-годишниот Ѓорѓи М. кој со својата сопруга се спремал за извршување на земјоделски работи, во еден момент застанал до својот трактор и кога се обидел да го стартува, тој почнал да се движи, а истиот обидувајќи се да се качи на тракторот паднал, по што бил прегазен.
 
Уште една трагедија ја потресе Македонија. Околу 11 часот во Гостивар на улицата „Илинденска“ бб, во поранешните бараки на градежна фирма „Маврово“, во соба, било пронајдено безживотното тело на 70-годишниот Велији Ф. од селото Врапчиште.
 
Од страна на лекар од Итната помош констатирана била смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.