Свет
16. February 2018 - 19:27

Се ниша првото место на воената надмоќ: Еве кои држави забрзано го достигнуваат Западот во развојот на оружје!

Кина и Русија го доведуваат во прашање приматот на американската воена надмоќ, така што нејзините сојузници и Западот не можат повеќе да сметаат на стратешките предности кои ги уживале досега, пишува во годишниот извештај на водечките експерти за безбедност.

Во извештајот "Воена рамнотежа 2018. година", кој е сочинет на Меѓународниот институт за стратешки студии - "IISS", се предупредува дека, иако војна меѓу големите сили не е неизбежна, Вашингтон, Москва и Пекинг се подготвуваат за можен конфликт. 

Исто така се наведува, пренесува Independent, дека Кина го преземала водството кога станува збор за забрзаното вложување во унапредувањето и ширењето на воениот арсенал.

Како пример за "губењето на американскиот монопол над стелт леталата", се наведува и фактот дека во 2020. година во употреба ќе влезе Ченгду J-20 борбениот авион.
 
До тогаш, Кина ги унапредува и проектилите, па својот L-15 воздух-воздух ракетен систем ќе го опреми со радари со електронски скенери, а тоа е технологија која малку држави ја поседуваат.
 
Слични унапредувања се применети и во кинеската морнарица. Кина претходните 15 години направила повеќе корвети, уништувачи, фрегати и подморници од Јапонија, Индија и Јужна Кореја заедно.
 
Вкупната товарна носивост на воените бродови кои Кина ги ставила во употреба само последните 4 години, е доста потешка од таа што ја има целосната француска морнарица.
 
"Type-005" крузерот покажал дека Кина сега е во можност да прати свои бродови до брегот на Европа, а нејзината база во Џибути може да послужи за започнување на мисија на голема далечина.
 
Кога станува збор за Русија, се наведува дека нејзината милитаризација е побавна, делумно поради финансиските и индустриските проблеми.
 
 
Меѓутоа, Русија извлекла мала корист од воените искуства во Сирија и Украина, и покажала напредна способност во хибридното војување, вклучувајќи и сајбер напади.
 
Др Џон Чипман, генерален директор на IISS вели дека владите на некои земји на Западот би можеле да се свртат кон револуционерните технологии со цел зголемување на воената моќ, но немаат гаранција за успех.
 
"Забрзаниот развој на оружје на Кина повеќе не оди кон тоа земјата да ги достигне САД, туку да стане светски иноватор во областа на одбраната. Западот повеќе нема монопол на водечката позиција во иновациите и производството. Сепак, за да постигне најдобар ефект во употребата на своите капацитети, Кина ќе мора да воведе слични подобрувања и на полето на тренингот, доктрината и тактиката", вели тој.