Живот
3. August 2016 - 12:06

Се наведна да ја бакне колешка, па се избрламира пред камерите

 

При програма во живот има милион работи кои можат да тргнат на лошо, а еден водители откри уште една во низата.

Така, додека на една австралиска телевизија колега ја одјавуваше водителката на врменската прогноза Ребека Џад, спортскиот новинар Тони Џонс реши да ја искористи можноста и неочекувано се наведна да ја бакне, веројатно во лицето, иако не е исклучлено дека негова цел била и устата.

Но, Џад не го очекуваше тоа, па изненадена набрзина се оттргна.

Бидејќи целата ситуацијата се одвиваше пред милион гледачи, таа набрзо стана интернет хит.