Спорт плус
17. May 2016 - 16:19

Се натпреваруваа идните атлетичари

Федерацијата на училишен спорт на Македонија во сорaботка со Општинскиот сојуз на училишен спорт - Куманово и Атлетската федерација на Македонија го организираа Државното првенство во атлетика за основни училишта во машка и женска конкуренција.
На 13 Мај 2016 година (петок) со почеток во 11.00 часот во Куманово на Атлетскиот полигон “Соколана” се одржаа натпревари во следниве дисциплини: 
Машки: 100м, 300м, 800м,4х100м, скокови во Височина, Далечина, и од фрлачките дисциплини  -Ѓуле( 4кг)
Женски: 100м, 300м, 600м, 4х100м, скокови во Височина, Далечина, и Ѓуле (3кг).
Радува фактот што на ова натпреварување земаа учество преку 20 Основни училишта и секои од нив однесе медал во различни дисциплини. Како најтрофејни се истакнаа учениците од ОУ “Кочо Рацин” од Куманово, ОУ “Блаже Конески” од Прилеп, ОУ “Наум Наумовски Борче” од Скопје, зад кои не заостануваа учениците од ОУ “Крсте Петков Мисирков” од Радовиш и ОУ “Кочо Рацин” од Прилеп.
Организацијата беше на високо ниво, а градот Куманово се покажа како одличен домаќин. Најдобрите ученици покрај освоените признанија и медали остварија и учество на летниот спортски камп во Охрид кој Агенцијата за млади и спорт во соработка со Федерацијата за училишен спорт го организира секоја година кон крајот на јуни.