Македонија
14. December 2018 - 14:31

Се напил и почнал да тепа - скопјанец нападна малолетен сосед

Скопјанец во алкохолизирана состојба го истепал малолетниот син на својот сосед. Според информациите на полизијата вчера  во 23,40 часот Р.Р.(60) пријавил дека на улица “Слан Дол“ во Скопје неговиот сосед Ф.А.(37) откако се довел во алкохолизирана состојба физички го нападнал неговиот 17 годишен син.

По преземени мерки поднесен е соодветен поднесок.