Македонија
29. October 2024 - 12:14

Се намалува старосната граница на мозочни удари

Мозочниот удар коси и во охридско струшкиот регион. Расте бројот на пациенти, но се намалува и старосната граница, лекарите велат дека стресот и современиот начин на живот се најголемите предизвикувачи на мозочни удари.

Мозочниот удар е на прво место за инвалидност, а второ за смртност во светот и кај нас.

Според лекарите, многу е важна навремената и брза рекација, но и по ударот да се определи правилна терапија и нега за да му се помогне на пациентот да се врати во нормален ритам на живот. Тие предупредуваат дека превентивните прегледи спречуваат поголеми последици.

Медицинската статиската покажува дека состојбата на мозочен удар е се почест и кај младата популација и дека мора да има промена на темпото на животот од исхрана и физичка активност со цел да се намали и стресот.