Бизнис
10. December 2018 - 19:38

Се намалува извозот на конфекциски производи

Се намалува извозот на конфекциски производи. Од 2007  година континуирано опаѓа пласманот на текстилни парчиња на странските пазари. Тоа драстично го намали профитот на компаниите.  Дополнително велат текстилците нивната работа е отежната со воведувањето на минимланата плата. Поради лошите резултати од  работењето дел од фабриките одлучија да стават и клуч на врата. Од текстичната индустрија  велат дека ако државата не најде стратегја за да и се помогне на оваа гранка, на текситлнот му се заканува целосен колапс.

Поради лошата состојба  ретко кој од младите одлучува да се запише и во текстилните училишта. Вработените кои ќе заминат во пензија нема кој да ги замени.

Во текстилниот сектор работаа околу 34 илјади работници.