Свет
21. February 2020 - 8:33

Се намалува бројот на заразени од коронавирусот

Бројот на нови случаи на коронавирусот во Кина продолжи денеска да се намалува. Потврдени се уште 889 случаи на заразени лица, во момент кога здравствените власти покажуваат оптимизам во однос на спречување на епидемијата, од која досега починаа повеќе од 2.200 луѓе и се шири низ други држави.

– Трендот на намалување нема да има пресврт, изјави заменик главниот секретар на Државниот совет и член на надзорната владина група, Динг Сиангјанг,

Во последните 24 часа бројот на заразени од новиот вирус достигна вкупно 75.465 лица, а билансот на жртвите изнесува 2.236, откако се регистрирани уште 118 починати.

Повеќе од илјада случаи на заболени лица и 11 починати луѓе се потврдени надвор од континенталниот дел на Кина.