Се намалува бројот на тутунопроизводители во Струмичко
Во Струмичко е намален бројот на тутунопроизводители во споредба со лани според издадените евидентни листови. Имено, во 2018 година биле пријавени 2.750 прозводители на тутун, а оваа година се издадени околу 500 листови помалку.
Според Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак“ од село Василево, намалениот број на тутунари не се должи на откупните цени, туку на намалувањето на производители, кои престануваат да се занимаваат со одгледување тутун или заминуваат во странство.
– И покрај лошите временски услови околу 40 отсто од планираните површини се посеани со тутун. Дел од производителите имаа проблеми и со расадот поради дождовите, но полека се надминува и тој проблем. Очекувам сеидбата на тутунот да заврши до 10 јуни и некаде на крајот на јули и почетокот на август треба да почне бербата од годинашнава реколта, рече Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак“ од село Василево
Инаку, лани во Струмичкиот регион беше зголемен бројот на тутунопрозводителите во споредба со изминатите години. Според евидентните листови биле пријавени 2.750 производители на тутун, односно за 150 повеќе од 2017 година
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина