Се намалува бројот на сточари во Малешевијата
Се намалува бројот на сточари во Малешевијата. Ако пред 20 години имало стотици стада овци кои се одгледуваа само во беровско Русиново, сега, како што вели Славка Страторска од ова беровско село, има едвај дваесетина стада овци.
– Сточарството изумре. Во селото имаше некаде 4000-5000 овци, меѓутоа сега веќе не. И тие што имаа ги продадоа и заминаа за странство. Најмногу се откажаа младите сточари, кои за подобра работа и егзистенција заминаа за Германија, вели Страторска.
Големо влијание, како што додава Страторска, има и ниската откупна цена на јагнешкото.
– Едвај ни ги земаа јагнињата по 120 денара и тоа ни ги делеа, а ги исчувавме по 30 килограми. Сега имаме јагниња, но се мислиме дали да ги дадеме. Не се исплатува да ги продадеме по 90 денари или по 70 денари за килограм. Уште не слушнавме на телевизија некој да се заложи за нас и да кажат некоја добра цена, додава Страторска.
– Многу тешко ќе биде да се вратат стадата во Малешевијата, иако е познат квалитетот и на јагнето и на сирењето од Малешевијата. Меѓутоа за сето тоа треба народ, луѓе што живеат постојано таму и да ја познаваат работата, вели Шаклев.
Годишно во Малешевијата во минатото се произведуваа околу 20 илјади канти со сирење или над 300 илјади килограми додека сега состојбата е далеку поразлична.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд