Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19 во Малешевијата
Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19 во Малешевијата. Вкупно три пациенти заклучно со денешниот ден се позитивни на вирусот, кој минатата сабота ја зеде и првата жртва од почетокот на пандемијата. Во текот на денешниот ден, еден од вкупно тројцата пациенти во Пехчево бил негативен на коронавирус, со што во оваа општина остануваат само два активни случаи, пациенти кои според лекарите се во добра здравствена состојба.
– Добрата вест е што еден од тројцата пациенти повеќе не е позитивен на вирусот, што ни дава за право да се надеваме дека така ќе биде и со останатите два случаи, кои не се во загрижувачка состојба, велат лекарите.
Додаваат дека и покрај тоа граѓаните треба да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство, за да се задржи вирусот на едноцифрен број пациенти.
Освен во Пехчево во Малешевијата во добра состојба според информациите на надлежните е и пациентот од Берово кој пред три недели покажа позитивни резултати на тестовите за коронавирус. Во соседните општини Делчево и М. Каменица од почетокот на пандемијата е регистриран само еден позитивен случај на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно