„Се најдовме среде кланица“: Ужасно сведоштво за грозоморната сообраќајка во која загинаа двајца македонски државјани
Влетавме во магла, но за среќа успеавме да застанеме на страна. Позади нас се случи пекол. Ништо не видовме во моментот на несреќата, но се слушна морбиден звук, како да се одделува воз.
Ова е сведоштвото на преживеани во несреќата која вчера се случи на патот Белград-Ниш во Србија, во која загинаа 7 лица, меѓу кои и двајца македонски државјани.
– Во исто време, на исто место се случија два верижни судири во маглата. Во 7 часот и 20 минути се слушна страшен звук, а потоа видовме камион во пламен. Се најдовме среде кланица, вели сведокот за српскиот Блиц.
Еден од повредените бил под автомобил и бил жив кога почнале да го сечат возилото кое било смачкано, извадиле и мртва жена, а насекаде имало крв и делови.
– Жив е! викна некој. Навистина беше језиво, 15 минути го сечеа возилото, вели сведокот.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари