-->
-->
Се надевав на трансфер во Милан, завршив во Мајорка
-->
Александар Трајковски по распадот на Палермо ја напушти Сицилија и реши кариерата да ја продолжи во Мајорка во Ла Лига.
Репрезентативецот на Македонија во разговор со новинарот Џанлука Ди Марцио открил дека минатото лето му пропаднале преговорите со италијанскиот великан Милан.
„Имаше контакти, имаше некаков интерес од Милан, но тоа не беше доволно. Се надевав кратко време, но работите не се одвиваа онака како што се надевав. На крајот решив да заминам во Мајорка. Имав и други понуди од Италија меѓутоа решив да се испробам во Шпанија“, рекол Трајковски.
Трајковски не успеа да се наметне во Мајорка, сезонава има одиграно само седум натпревари. 27 годишниот фудбалер во кариерата настапувал за Цементарница, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен и Палермо.
Дресот на Македонија одиграл 54 натпревари на кои постигнал 15 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“